почетна / Новости / Домување / Брошура: Домување

Брошура: Домување

Во правото на задоволување на основните потреби на потрошувачите секако е и правото да се има дом. Можеме да живееме во сопствен стан или индивидуална куќа, во стан или куќа земени под закуп или во послуга, дадени на плодоуживање, во ученички, студентски дом, дом за стари лица, или друга форма на организирано живеење во станови на работници кои работат на терен или стан на лице кое врши определена државна функција за определен мандат.

Секако ние мораме да знаеме дека правото на дом носи определени права, но и определени обврски. И нашето уставно гарантирано право на сопственост носи низа права и обврски и пред се е ограничено со присилните прописи моралните норми и со правата на другите сопственици. Правото на приватност ни дава слобода во нашиот дом да се однесуваме слободно, но не ни дава и можност со своето однесување да им оневозможуваме на другите да си ги остваруваат своите права и особено правото на мирно и непречено користење на нивниот дом.

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2016-та година изработи брошура со наслов „Домување“ во која детално и опширно е обработена темата за домувањето во станбените згради. Брошурата на македонски и албански јазик можете да ја преземете со кликнување на сликите подолу.

  

x

Може да ве интересира

Домување