почетна / Новости / Активности / Сертификат „Фер со потрошувачот“

Сертификат „Фер со потрошувачот“

„Фер со потрошувачот“ е сертификат кој се доделува на компаниите кои сакаат со фер однос со потрошувачите, да ја стекнат нивната лојалност и да ја подобрат конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар.

 

Заснован на ISO 26000, сертификатот потврдува дека компаниите имаат јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, користат фер пазарни практики, применуваат спогодбено решавање поплаки и спорови, ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

Со сертификацијата помагаме да се поттикне фер деловната пракса и да се воведат корпоративни кодекси за однос кон потрошувачите. 

Сертификатот ќе се додели на првите  45 сертифицирани kомпании на 30.07.2019 година.

x

Може да ве интересира

15 Март – Светски ден за правата на потрошувачите

Потрошувачките организации ширум светот на овој ден го прославуваат меѓународното движење на ...