почетна / Новости / Известувања / Писмо од Европската организација на потрошувачи до Фолксваген

Писмо од Европската организација на потрошувачи до Фолксваген

beucЕвропската организација на потрошувачите со нејзините членки потписнички, достави писмо до извршниот директор на Фолксваген во врска со скорешните случувања. Имено во писмото се бара од Фолксваген да го направи следното:

  • Веднаш да престане со дистрибуција и продажба на сите возила кои се опремени со ‘уред за софтверско лажирање’ насекаде низ Европа;
  • Да објави кај кои возила во Европа се инсталирани ‘уредите за софтверско лажирање’;
  • Да се погрижи отповикувањето на возилата во Европа да им биде пренесено на еднаков и транспарентен начин на сопствениците, со обезбедени целосни и детални информации за природата, содржината и целта на техничките анализи и модификации кои треба да бидат направени и на нивното влијание и ефект врз техничките перформанси, безбедноста и поставените стандарди (имено, стандардите за емисија на гасови) на засегнатите возила;
  • Во врска со овие технички интервенции, да се погрижи сопствениците на возилата кои се повлечени да не се само поштедени од било какви трошоци поврзани со измените и поправките кои се потребни за да се задоволат стандардите поставени во маркетинг материјалите, договорот или специфичниот подзаконски акт, туку и да добијат соодветна компензација во случај ако потребните технички интервенции предизвикаат негативно влијание врз перформансите на возилата (пр. потрошувачката на гориво); паралелно, да обезбеди друг автомобил за сопствениците додека се прават измените и поправките на нивниот автомобил;
  • Во секој случај да понуди финансиска компензација за сите штети предизвикани или поврзани со ‘уредите за софтверско лажирање’ инсталирани во возила купени од потрошувачите – вклучувајќи го и намалувањето на вредноста на возилата;
  • Да се погрижи сите измени или поправки извршени на автомобилите да резултираат со задоволување на ограничувањата на ЕУ за емисија на гасови засновано на вистински перформанси, или, каде што се пониски, според рекламираните нивоа на емисија за соодветното возило;
  • Да го исполни секое друго потрошувачко побарување засновано на потрошувачкото право, вклучувајќи ги и одредбите за откажување и враќање на целиот паричен износ или пропорционално намалување на куповната цена и штетата за било каква загуба.

Помеѓу потпсниците на овој допис е и Организацијата на потрошувачите на Македонија.

На следниот линк можете да го прочитате целиот допис.

 

x

Може да ве интересира

Топ 10 начини како бидете безбедни онлајн како потрошувач

По повод 15-ти Март Светскиот ден за заштита на правата на поторшувачите, ...