Home / Информативни материјали / Брошури / Е-отпад – Отпадна електрична и електронска опрема

Е-отпад – Отпадна електрична и електронска опрема

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2017-та година, изработи леток „Е-отпад – Отпадна електрична и електронска опрема“. Со овој лекот имаме за цел да ги информираме граѓаните за начините на рециклирање и одлаѓање на овој вид на отпад.

„Отпадна електрична и електронска опрема” (е-отпад) e отпад од електрична и електронска опрема вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање.

“Електрична и електронска опрема” е опрема чијашто правилна работа зависи од електричната струја или електромагнетските полиња, како и опрема што е наменета за производство, пренос и мерење на тие струи или полиња и наменета е за употреба под напон кој не е поголем од 1.000 волти за наизменична струја и 1.500 волти за еднонасочна струја.