почетна / Информативни материјали / Брошури / Храна-И / Брошура: Опасности во храната!

Брошура: Опасности во храната!

Потрошувачите можат да сметаат дека храната која ја консумираат е безбедна доколку опасностите во храната се минимизирани, и таа не предизвикува штетни последици по нивното здравје. За штетна по здравјето на луѓето се смета храната која содржи недозволени штетни материи или недозволени количества на штетни материи, организми или микроорганизми кои под едно заедничко име се нарекуваат опасности во храната. Опасностите во храната предизвикуваат ризици по здравјето на луѓето, кои се манифестираат како акутни и хронични болести. Од тие причини опасностите во храната треба постојано да бидат под контрола.

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство избработи брошура на со наслов „Опасности во храната!“ каде што каде што се објаснети видовите на опасности кои можат да се појават, нивното препознавање како и здравствените ризици. Брошурите на македонски и албански јазик можете да ги преземете со кликнување на сликите подолу.

  

x

Може да ве интересира

Означување на храната

ОПМ во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство изработи шест лифлети ...