почетна / Информативни материјали / Брошури / Права на потрошувачите / Брошура: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“

Брошура: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура со назив: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“.

Оваа брошура нуди совети за безбедно купување на производи и услуги преку интернет. Потрошувачите во изминатиот период сè повеќе ги користат услугите на интернет продавнциите лоцирани во Р. Македонија и во странство. За тие да можат безгрижно да продолжат да ги користат овие услуги, препорачуваме да се водат по овие совети, кои им помагаат на потрошувачите да купуваат преку интернет и да бидат сигурни дека нивните лични податоци се сигурни, дека плаќањето е безбедно и сл.

Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.

 

x

Може да ве интересира

Светски ден на правата на потрошувачите 2017: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

На 15ти Март, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ќе го прослави ...