Home / За Нас / Членство / Членство

Членство

Доколку сакате да станете член на Организацијата на потрошувачите на Македонија, тоа можете да го направите на следниот начин:

1. Да дојдете во нашата канцеларија каде ќе ви биде дадена пристапница.
2. Пристапницата можете да ја симнете од нашата страна и да ја испратите на e-mail: sovetuvanja@opm.org.mk
3. Пристапницата можете да ја симнете од нашата страна и да ја донесете лично во нашата канцелатија или да ја пратите преку пошта.

Што добивате доколку станете член на ОПМ?
Освен телефонски совет кој го добивате и доколку не сте наш член, добивате помош и поддршка при решавање на вашите проблеми од областа на потрошувачкото право. Исто така на ваше барање можете да добиете брошури и водичи преку кои ќе се запознаете повеќе во вашите потрошувачки права. Преку вашата е-маил адреса ќе бидете известени за поголемите настани, измени и новитети од областа на заштитата на потрошувачите.

Годишната чланарина изнесува 300,00 денари, почнувајќи од 2014 година.

Чланарината можете да ја платите на жиро сметката на ОПМ.

Жиро сметка на ОПМ:

Назив на налогопримач: Организација на потрошувачите на Македонија, ул. Водњанска бб пош.фах 150 Скопје
Банка на налогопримач: Стопанска банка Број на сметка: 200000024706668
Цел на дознака: годишна членарина
Износ: 300,00 денари

Согласно статутот на ОПМ во организацијата можат да членуваат индивидуални и колективни членови. Во категоријата на колективно членство можат да се најдат само други здруженија на граѓани, регистрирани во овој статусен облик согласно на одредбите од Законот за здруженија на граѓани и фондации.

uplatnica-logo pristapnica-logo