Home / Новости / Општо / Светскиот ден на правата на потрошувачите 15ти Март – 2012 година

Светскиот ден на правата на потрошувачите 15ти Март – 2012 година

opm_300jpg15 Март е значаен ден за целокупното светско потрошувачко движење, заради прифаќање на Насоките за заштита на потрошувачите од страна на ООН

кои подоцна, преку Меѓународната организација за заштита на потрошувачите – Consumers International се промовирани во осум основни потрошувачки права и тоа:

  • право на задоволување на основните потреби – достапност на најнужните производи и услуги
  • право на безбедност на производите и услугите
  • право на информираност
  • право на избор
  • право да бидат земени во предвид интересите на потрошувачите
  • право на надомест на штета
  • право на образование на потрошувачите и
  • право да се живее во здрава животна средина.

Во 1985 година овие насоки претставуваа ориентација на потрошувачкото движење и основа да се земат предвид интересите и потребите на потрошувачите. Насоките ја усмерија и правната регулатива за заштита на потрошувачите на Европската унија и земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ меѓу кои и Република Македонија како земја кандидат.

Оваа  година Организација на потрошувачите на Македонија се приклучува кон одбележувањето на овој значаен ден со учество на тркалезна маса во организација на  Министерството за економија на тема: “Ефективен надзор на пазарот – заштитен потрошувач”. На тркалезната маса освен Министерството за економија и Организацијата на потрошувачите на Македонија ќе земат учество и претставници од Државниот пазарен инспекторат, Царинска управа на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за заштита на лични податоци и Агенција за електронски комуникации (АЕК).