Енергетика

  • Парно греењето во нашата зграда е слабо. По повеќекратно пријавување состојбата не е сменета. Што можеме да направиме? Обратете се повторно до АД Топлификација и барајте да ви постават мерачи-копчиња кои ја мерат температурата повеќе денови. Доколку се испостави дека температурата во вашиот стан е под оптималната во тој случај барајте да ви се намали цената на испорачаната топлинска енергија доколку нема можност за појачување на греењето од подстаницата.
  • Кој го регулира  зголемувањето на струјата?

Регулаторната комисија усвојува тарифен систем за продажба на електрична енергија и методологија за утврдување на цената на струјата.

  • Испораката на струја во нашиот дом е неквалитетна па често доаѓа до расипување на нашите домашни апарати. На кој начин може да барам надомест на штета?

Потребно е писмено да се обратите до ЕСМ – ЕВН со образложение во кој временски период дошло до расипување на вашите апарати и од кои причини. По разгледување на вашето барање комисија од ЕСМ ќе излезе на терен и ќе ги провери вашите наводи. Доколку заклучи дека васето барање е оправдано ќе ви биде надоместена штетата.

  • Зошто на мојата машина за миење садови и е потребно подолго време да започне со работа?

Можеби е модел кој треба најпрво да ја загрее водата. Ако е тоа случај и ако водата која влегува во машината е студена, тогаш на греачот му треба околу половина час за да ја згрее водата. За да го избегнете ова чекање, зголемете ја температурата на водата која треба да влезе во машината пред да ја вклучите.

  • Колку може да се полни замрзнувачот?

До крај. Генерално нема лимит колку треба да е полн само треба да се внимава да не се блокираат воздушните вентилатори. За најдобро искористување би требало да биде полн барем до половина.
Кои се основните карактеристики на една квалитетна пегла?
Тоа се; површина која добро пегла, систем за омекнување на водата и точен термостат.

  • Дали компјутерите имаат голема потрошувачка на електрична енергија?

Компјутерската опрема е електричен потрошуваж во најголем подем. За жал голем дел од енергијата за компјутери се расфрла, бидејќи се држат вклучени без потреба. Постојат штедливи и нештедливи процесори. Меѓу најштедливите се процесорите од производителот АМД. Затоа исклучувајќи го компјутерот кога не се користи подолг период ги намалува трошоците за енергија и влијае на трајноста.

  • Колкава е потрошувачката на “stand by” функцијата?

Многу апарати како ТВ, ВЦР,ДВД,ЦД плеери, касетофони, безжични телефони, сигурносни аларми, микробарнови итн. продолжуваат да трошат енергија и кога се исклучени. Оваа  “stand by” енергија изнесува околу 5% од вкупната домашна потрошувачка на енергија.

x

Може да ве интересира

Одлука за покачување на топлинската енергија

ОПМ бара преиспитување на одлуката за покачување на топлинската енергија.