почетна / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Европска Комисија: Време е да кажеме „Стоп за гео-блокирањето“ #STOPGEOBLOCKING!

Европска Комисија: Време е да кажеме „Стоп за гео-блокирањето“ #STOPGEOBLOCKING!

Европската комисија вети дека ќе се бори против гео-блокирањата во единствениот пазар (на ЕУ). Гео-блокирањето се случува кога трговците и снабдувачите во дигиталната сфера поставуваат вештачки бариери со цел да ги спречат потрошувачите од другите земји во Европската Унија да имаат пристап до нивните добра и услуги.

Првиот предлог ќе биде во врска со гео-блокирањето во е-трговијата т.е. за оние случаи кога потрошувачите се пренасочуваат кон друга веб-страница откога ќе ги проверат цените на странска веб-страница или кога трговецот неправедно одбива да го достави производот до земјата на потрошувачот. Втората скица е во врска со тоа како на потрошувачите да им се помогне да имаат пристап до онлајн аудио-визуелни содржини, како филмови или спортски настани, кога се наоѓаат во земја различна од онаа на веб-страницата.

Заедно членовите на Европската организација на потрошувачи (BEUC) го споделуваме ова видео со цел да ја поттикнеме Комисијата да престане со дискриминаторните дејствија од овој вид. Потрошувачите, исто како и трговците, треба да го имаат правото да извлечат придобивка од европскиот единствен пазар.

Видеото е достапно со превод на македонски јазик. За да го вклучите преводот кликнете на Settings па потоа во делот Subtitles/CC одберете Macedonian.

Во европскиот единствен пазар не треба да е прифатливо да го покажуваме нашиот пасош кога пазаруваме на улици со полуксузни продавници или да платиме различна цена за векна леб водејќи се според нашата земја на потекло. На жалост, онлајн, ова се случува премногу често.

Во решение донесено во Јануари, Европскиот Парламент одговори на повикот на BEUC за ставање крај на неоправданото гео-блокирање. Сега е време Европската Комисија да го исполни ветеното.

Неодамнешна истрага спроведена од Комисијата покажа дека дури 38% од трговците на мало кои биле истражени собираат информации за локацијата на корисниците и истите ги користат за гео-блокирачки цели. 68% од доставувачите на дигиталната содржина, гео-блокираат корисници кои се наоѓаат во останати ЕУ членки и 59% известија дека со договор им било побарано од страна на доставувачите да гео-блокираат.

x

Може да ве интересира

Стоп за гео-блокирањето!

Европската комисија вети дека ќе се бори против гео-блокирањата во единствениот пазар ...