почетна / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Европски стандарди кои градат „Подобар дигитален свет“ на кој потрошувачите можат да му веруваат #BetterDigitalWorld

Европски стандарди кои градат „Подобар дигитален свет“ на кој потрошувачите можат да му веруваат #BetterDigitalWorld

Заштита на потрошувачите и нивната информираност се круцијални за градење на доверба во дигиталната технологија. CEN и CENELEC, заедно со стручната поддршка на ANEC, Европскиот глас на потрошувачите за стандардизација, се целосно посветени на поддржување на потрошувачките права во Европа со обезбедување на платформа за развивање на Европските Стандарди (ENs) за дигитални технологии.

Водејќи се според оваа цел, на 15-ти Март, CEN и CENELEC заедно со ANEC го прославуваат Светскиот ден на правата на потрошувачите со пристапување кон глобалната кампања за градење на „Подобар дигитален свет“ #BetterDigitalWorld со цел да се промовира пристап, партиципација и иновација кои се полезни за потрошувачите, економијата и општеството.

  1. Иницирање на вклученост на потрошувачите – Паметна енергија

Очекувано е до 2020, скоро 72% од Европските потрошувачи да имаат паметни мерила за електрична енергија и 40% со посебно мерило за гас.

Европските стандарди веќе ја имаат обезбедено имплементацијата на „паметни системи за мерење” кои овозможуваат активна вклученост на потрошувачите во пазарот за енергија и дефинирање на барањата за приватност и безбедност за паметно мерење.

  1. Градење на потрошувачка доверба – е-Мобилност и Паметни Градови

91 300 електрични возила со електронски приклучок се продадени во Европа во текот на првите 6 месеци од 2016 година, што е зголемување за 21% од година во година.

Од суштинско значење е обезбедувањето на инфраструктури кои градат доверба кај потрошувачите.

Исто така, паметните градови на иднината ќе имаат потреба од инфраструктури кои ќе обезбедат полнење на батериите на електричните возила.

Европските Стандарди им гарантираат на потрошувачите дека овие инфраструктури ќе вклучуваат опрема за полнење на батериите која е ефикасна, погодна за потрошувачите и безбедна.

  1. Обезбедување на потрошувачка приватност – Големи Податоци

Вкупниот број на дигитални податоци низ целиот свет е предвидено да порасне од 4.4 зетабајти во 2013 на 44 зетабајти до 2020.

Европските Стандарди се развиваат со цел да им помогнат на потрошувачите да преземат контрола врз своите податоци, и да ги направат своите фундаментални права на приватност поспроведливи.

Очекуваните технологии за безбедност ќе вклучат базични подесувања кои се погодни за потрошувачите, правење на безбедносни производи и услуги во согласност со Европските Стандарди и зголемување на довербата на потрошувачите.

  1. Создавање на пристапност за сите – Онлајн пристапување

Популацијата од над 65години е предвидено да порасне од 26% во 2010 година на 53% до 2060 година.

Лицата со попреченост во Европа претставуваат од 10 до 15% од вкупната популација.

Дигитализирање на производи и услугите нуди нови можности за лицата со попреченост, како и постарите лица, да земат учество во општеството како и на пазарот на трудот под еднакви услови.

Во 2014 година, CEN, CELEC и ETSI ANEC и останати засегнати страни го создадоа првиот Европски Стандард за пристапни ICT производи и услуги.

Во моментов, се презема поголема работна активност во врска со подобрување на пристапот до веб-страниците и да се обезбеди гаранција дека пристапот до веб-страниците и мобилните апликации ќе се земе во предвид во текот на дизајнирањето, создавањето и одржувањето на истите.

x

Може да ве интересира

Топ 10 начини како бидете безбедни онлајн како потрошувач

По повод 15-ти Март Светскиот ден за заштита на правата на поторшувачите, ...