почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / Фер со потрошувачот – Промотивен настан во Штип

Фер со потрошувачот – Промотивен настан во Штип

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Здружението за бизниси и консултанти Креација и Асоцијата за развојни иницијативи Зенит, организираше промотивен настан на кој беше претставен проектот: „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – Развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“. Настанот се одржа на 14-ти Јули 2017, и на него земаа учество над 30 претставници на претпријатија, граѓански организации, државни органи и останати заинтересирани страни.

Еден од главните фактори за развој на граѓанското општество е финансиската одржливост, која подразбира и разновидност на изворите на финансирање на организациите. Искуствата од Европската унија укажуваат дека граѓанските организации треба да обезбедуваат финансиски средства и од деловниот сектор и да градат партнерски однос со претпријатијата.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Главна цел на проект е развивање иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор. Поконкретно, ќе се изградат капацитети кај граѓанските организации да даваат услуги за сертифицирање на претпријатија за фер практики кон потрошувачите. При сертифицирањето ќе се зема предвид и влијанието на производите на претпријатијата врз животната средина.

Проектот ќе овозможи граѓанското општество да воспостави партнерски однос со деловната заедница, да ја зголеми разновидноста на изворите на финансирање, како и своето влијание врз спроведувањето на политиките за заштита на потрошувачите и животната средина.

Дознајте повеќе за проектот на веб-страницата www.consumerfriendly.mk

x

Може да ве интересира

ГАЛЕРИЈА: Поттикнување на фер конкуренција на пазарот

ОПМ организираше настан каде беа промовирани наодите на студијата: „Поттикнување на фер конкуренција ...