почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / ГАЛЕРИЈА: Поттикнување на фер конкуренција на пазарот

ГАЛЕРИЈА: Поттикнување на фер конкуренција на пазарот

ОПМ организираше настан каде беа промовирани наодите на студијата: „Поттикнување на фер конкуренција на пазарот – Детектирање и анализирање на проблемите со заштитата на потрошувачите и сузбивање на нечесната пазарна пракса“. Настан е завршна активност на проектот на ОПМ поддржан од ИПА 2 Механизмот за граѓански организации.

Оваа студија се осврнува на состојбата во секторот Конкурентност и иновации, но подетално навлегува во состојбите со нечесната пазарна пракса и нелојалната конкуренција како најсериозни предизвици за заштитата на потрошувачите и конкурентноста. Истражувањето има за цел да ги сензибилизира државните органи, регулаторите, пошироката јавност, бизнис заедницата и потрошувачите за потребата од поголема синергија во нивното делување, јакнење на фер конкуренцијата и заедничко делување за унапредување на заштитата на потрошувачите и конкурентноста.

Настанот се одржи на 31.05.2017 година во ЕУ Инфо Центар – Скопје.

Во проложение можете да ги погледнете фотографиите од настанот, а студијата можете да ја преземете од следниот линк.

x

Може да ве интересира

Форум: Како да ги унапредиме правата на потрошувачите?