почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / Галерија: Промоција на мобилна апликација „Органски пат“

Галерија: Промоција на мобилна апликација „Органски пат“

На 07.10.2017 година во Скопје беше одржан настан на кој беше промовирана апликација за пребарување на ораганска храна, со назив „Органски Пат“. Настанот беше организиран од страна на Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и Здружението на агро-новинари – Медиа Плус.

Изработката на апликацијата беше финансиски поддржана од проектот „Премини на органско – потрошувачите во фокусот на земјоделската политика“, кој цели кон поттикнување на производство на органска храна во Македонија притоа земајќи ги предвид интересите на потрошувачите. Овој проект е поддржан од програмата „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“, спроведувана од конзорциум предводен од ОРКА – Белград.

Со оваа активност Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“ која се одржува од 2–8 октомври 2017 г. Кампањата, предводена од Меѓународната организација на потрошувачи, промовира одржлива потрошувачка и годинава опфаќа 29 земји во Африка, Азија, Европа и Америка.

Апликацијата „Органски пат“ е достапна бесплатно на Google Play Store, на следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details…

x

Може да ве интересира

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и ...