Информација од BEUC

Организацијата на потрошувачи на Македонија како членка на BEUC-Европската потрошувачка организација, Ве информира за податоците добиени од истражувањата на BEUC кои се однесуваат на зголемениот број деца со прекумерна телесна тежина во Европа. Иако по овој повод во медиумите беа објавени текстови и податоци од страна на одредени институции, цениме дека со овој текст ќе придонесеме родителите, училиштата, предучилишните установи и сл. да посветат поголемо внимание на правилната исхрана на децата, особено имајќи предвид дека многу болести се во корелација со неправилната исхрана. Притоа особено напоменуваме дека треба да се внимава на прехранбените производи кои содржат поголемо количество масти, сол и шеќер.

Во прилог го доставуваме текстот од BEUC со намера да и кај нас се иницираат истражувања за присуство на производи наменети за децата во рекламите а и присуство на самите деца во рекламите што воедно потикнува и на зголемено консумирање на вакви производи.

Здравјето на децата

Во 2006 година близу 22 милиони деца во ЕУ се окарактеризирани дека имаат прекумерна телесна тежина (вкупниот број е 71,5 милиони), при што оваа бројка се зголемува за 1,2 милиони годишно. Податоците добиени од овие истражувања делуваат загрижувачки за родителите во Европа. Тие, иако најчесто се свесни за тоа каква храна треба да консумираат нивните деца, се изјасниле дека се соочуваат со голем притисок од интензивниот маркетинг на храната и пијалоците богати со масти, шеќери и сол. Во прилог се следните податоци:

  • Во Британија списанието Which идентификувало 40 различни начини на кои компаниите ги рекламираат своите производи на децата.
  • Во Франција 9 од 10 реклами кои се емитуваат во времетраење на детски емисии се однесуваат на неправилна исхрана.
  • во Шпанија 48% од рекламите во детските програми се за чипсови, чоколади, цералии полни со шеќер и сл.

Соочени со овој проблем некои јавни институции веќе презедоа соодветни мерки: – Британската регулаторна агенција OFCOM објави забрана за рекламирање на ТВ храна богата со масти, шеќери и сол “во и околу сите програми од интерес на децата кои се емитуваат во текот на целиот ден и на сите канали”.

  • 53 Европски министри потпишаа документ за борба против прекумерната тежина во кој се повикува на “донесување на регулативи за намалување на влијанието на рекламите кои промовираат неправилна исхрана и стил на живеење особено за децата”.

Иницијативата е поддржана и од Европскиот парламент.

Директорот на BEUC, Џим Мури изјави: “Забраната за рекламирање на храна и пијалоци богати со масти, јаглени хидрати и сол за деца е едно големо олеснување за родителите од големиот притисок со кој се соочуваат.

x

Може да ве интересира

Стоп за гео-блокирањето!

Европската комисија вети дека ќе се бори против гео-блокирањата во единствениот пазар ...