Исхарана

  • Купив прехранбен производ со недостаток. Каде можам да пријавам и кои се моите права? Според Член 44 од ЗЗП во случај кога потрошувачот купил прехранбени производи со недостаток, трговецот е должен да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува. Вашиот приговор треба да го упатите до Дирекцијата за храна.
  • Дали е дозволено на етикетата на прехранбените производи да им се припишуваат лековити својства?

Според Член 33 од Законот за  безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната се забранува означување и рекламирање на храна со податоци кои сугерираат  лековити својства поврзани со превенција или лекување на заболувања, потенцирање како специфични одредени својства на храната кои се сличии со друга храна со ист квалитет, како и употреба на слики, цртежи, знаци, изрази и текстови што потрошувачот би можеле да го доведат во заблуда во поглед на идентитетот на производот, потеклото, составот, својството, намената и дејството на производот.
Рекламите можат да содржат информации во согласност со членот 32 на овој закон.
Се забранува при рекламирањето на храна да се користат:

  1. Изјави што се однесуваат на отстранување, намалување или спречување на болести;
  2. Забелешки во форма на лекарски совети или лекарски наоди;
  3. Истории на болести;
  4. Изјави на трети лица особено благодарници, пофалби или препораки ако се однесуваат на отстранување или намалување на болести;
  5. Слики на лица во професионална медицинска облека или при изведување на лекарека професија или промет со лекови и
  6. Списи или писмени податоци што наведуваат на тоа дека определени заболувања се третираат со храна.

Забраната од ставот 3 на овој член не се однесува на храната наменета за посебна нутритивна употреба.

  • Забележав дека цените на одредени прехранбени производи значително се разликуваат од една до друга продавница. Дали е тоа можно?

Можно е бидејќи со незначителни исклучоци цените на производите и услугите на македонскиот пазар се формираат слободно.

  • Имам проблеми со прекумерната тежина и сакам да ослабам. На што да внимавам при изборот на диета?

Секој од нас треба да научи како правилно да се храни. Терминот хранење се употребува за плански водена исхрана по однос на застапеност на групите прехранбени производи, енергетската вредност, но и потребите за внесување минерали и витамини. Сето ова се обезбедува преку постоење на норми и стандарди за исхрана на секоја категорија потрошувачи имајќи ја предвид возраста, полот, тежината на работа, невиките и сл. Многу списанија даваат препораки за диети со контролиран внес на калории. Треба да знаете дека калориите се внесуваат но и се трошат преку секојдневните активности. Помеѓу тие две работи треба да се направи баланс. Пред да се одлучите за било каква диета најнапред задолжително проверете ја Вашата здравствена состојба и да консултирате лекар, па потоа согласно Вашите дневни физички активности би можело да се препорача соодветна исхрана (диета) која со сигурност ќе биде ефикасна и ќе Ви помогне.

  • Нашто треба да внимавам за да ја одржам сегашната тежина?

Треба да внимавате на внесување масло и храна богата со масти, потоа внимавајте на внесување на шеќери особено слатки, сладоледи. Комсумирајте повеќе зеленчук и овошје, а месото барем еднаш неделно заменете го со риба. Консумирајте повеќе течности а слободното време користете го за вежбање, шетање или друг вид рекреација.

  • Дали е подобар црниот или белиот леб?

Црниот леб е подобар затоа што содржи повеќе витамини од Б групата, железо и целулозни влакна, од белиот леб и белите печива.
Дали ананасот ги разложува мастите во организмот?
Не. Меѓутоа како што на пример лукот и празот се диуретици, ананасот помага во отстранувањето на отровните материи од организмот.

  • Дали е вистина дека спанаќот содржи големо количество железо?

Спанаќот содржи железо но не во толкава количина како се верува. Застапеноста на железото во на пример леќата е поголема. Спанаќот содржи големо количество витамин Ц и е многу корисен за исхраната на луѓето.

  • Со колкав процент треба да учествува зеленчукот во дневната исхрана?

Зеленчукот во дневната исхтрана треба да учетвува со 10 до 12% во дневната енергетска вредност.

x

Може да ве интересира

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и ...