почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / Мобилната апликација „Органски пат“ претставена пред Агенцијата за храна и ветеринарство

Мобилната апликација „Органски пат“ претставена пред Агенцијата за храна и ветеринарство

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и здружението на агроновинари на Република Македонија „Медиа плус“, денес одржаа работен состанок со Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед, и претставници на Агенцијата. Состанокот се одржа во рамки на проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија.

Имено, во рамки на овој проект изработена е мобилната апликација „Органски пат – побезбедна и одржлива храна за сите“ преку која може да се врши пребарување, контактирање и планирање на посета на производителите на органска храна во Република Македонија. На апликацијата се лоцирани и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди, а кои според оценката на реализаторите на проектот во земјава се уште се во мал број и на чиј развој, преку соработка на институциите и невладиниот сектор, активно треба да се работи во иднина.

Заменик директорот Мемед ја поздрави реализацијата на проектот и посочи дека Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена за соработка и институционална поддршка, во насока на интензивирање на активностите кои и досега ги има воспоставено со невладините организации. Стручни лица од Агенцијата ја објаснија постапката за контрола на органските производи во прометот и реализирањето на Програмата за мониторирање на безбедноста на храната која ги опфаќа и оваа категорија производи.

x

Може да ве интересира

Истражување на етикетите на определени прехранбени производи

На 02.11.2017 година во Стопанската комора на Македонија, се одржа презентација на ...