почетна / Новости / Недела на „БЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ“ 12-16 Ноември 2018

Недела на „БЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ“ 12-16 Ноември 2018

Недела на „БЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ“  е годишен настан кој го промовира Светската Организација на Потрошувачи(CI), со цел да се зголеми свеста на владите, трговците и потрошувачите за безбедноста на производите.

Заедничка тема за 2018 година е безбедноста на производите кои се продаваат онлајн.

Електронската трговија рапидно расте и им нуди на потрошувачите многу предности, но меѓутоа ги изложува на нови ризици во однос на безбедноста на производите, продажба на забранети или повлечени производи, производи кои не ги задоволуваат стандардите за безбедност или недостаток на информации за соодветна и безбедна употреба на производите.

 

Организацијата на потрошувачите на Македонија(ОПМ) го поддржува овој настан и оваа година на ден 07 ноември во просториите на Агенцијата за електронски комуникации, во рамки  на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на РМ за 2018 г., а со поддршка на Амбасадата на Република Австрија, организираше семинар на тема „БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ“ каде беше претставена правната и институционалната рамка за безбедност на производите во Република Австрија.

Семинарот имаше голема посетеност од засегнатите институции во овој домен и тоа: Државен пазарен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Комора на Медијатори на РМ, Агенцијата за електронски комуникации, Царинската управа, Машинскиот факултет, правен факултет „Јустинијан Први“, Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за техничка инспекција, Владата на РМ, Агенцијата за храна и ветеринарство и граѓански здруженија.

Клучни пораки за потрошувачите :

Пред купување

  • Треба да знаете од кого купувате. Кога купувате нешто од продавница, треба да знаете каде може да го вратите производот, доколку е небезбеден. Но, кога купувате онлајн, дали би знаеле кого треба да контактирате. Колку повеќе информации имате за производителот, увозникот или продавачот толку подобро.
  • Треба да знаете кои производи да не ги купувате. Знаевте ли дека може да проверите дали производот кој планирате да г купите можеби е повлечен од продажба во Република Македонија, или во друга држава. Посетете ги локалните и меѓународните бази на податоци за небезбедни производи, како што е Базата на податоци на Организацијата за економска соработка и развој за повлечени производи, Системот за брзо информирање за опасни не-прехранбени производи (RAPEX), како и Интер Американскиот систем за брзо предупредување (SIAR).
  • Прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата за употреба со цел да направите најдобар избор. Прочитајте било какво било упатство за безбедна употреба достапно на интернет. Проверете како безбедно да го користите вашиот производ и дали има возрасни ограничувања или предупредувања. Ако не сте сигурни дали производот е погоден за намената која ја посакувате, побарајте повеќе информации од продавачот или администраторите на веб-страницата.
  • Проверете ги рејтинзите и критиките. Рејтингот и оценките на потрошувачите на интернет може да обезбедат некои укажувања за можни небезбедни производи со кои се соочиле други потрошувачи, имајќи предвид дека таквите оценки можеби не се автентични.

По купување

  • Размислете за регистрирање на вашиот производ кај производителот. Ако оваа опција е достапна, може да го регистрирате вашиот производ на веб-страницата на производителот. На овој начин ќе бидете информирани за можни повлекувања на таквиот производ. надградби на софтвер, и други безбедносни информации.
  • Сте се соочиле со небезбеден производ, веднаш реагирајте. Пријавете го случајот кај продавачот, производителот, но исто така пријавете и во Државниот пазарен инспекторат. Исто така оставете коментар на веб-страницата на трговецот со цел и други потрошувачи да бидат информирани.
x

Може да ве интересира

ЖАЛНА ВЕСТ!

Со голема тага соопштуваме дека нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски ...