почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / ОПМ форум – Односи со потрошувачи

Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија

ОПМ форум – Односи со потрошувачи

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија организираа тематски форум: „Односи со потрошувачи‘‘кој се одржа на 30 ноември 2011 г. во хотел Стоун Бриџ, Скопје, како дел од проектот ““Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“ (ООП во РМ).

На форумот воведничари беа претставници од : Министерство за економија,  Организацијата на потрошувачите од Македонија, претставници од телото за Корпоративна општествена одговорност на претпријатијата, експерт од Consumers International г-динот Робин Симпсон,  Народниот правобранител, како и претставници од други релевантни институции кои што ја препознаваат потрошувачката проблематика како важен сегмент во нивното делување.

Целта на одржување на Форумот беше да се согледа важноста на потрошувачката проблематика и односите со потрошувачите како дел од корпоративната општествена одговорност.

x

Може да ве интересира

Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации

Организацијата на потрошувачите учествуваше на Националниот форум: „Граѓаните за промени – Ден ...