почетна / Новости / Известувања / ОПМ избрана за член на Управниот одбор на „ANEC“

ОПМ избрана за член на Управниот одбор на „ANEC“

Голема чест ни е да ве информираме дека на генералното собрание на организацијата ANEC – Европски глас за стандардизација, Организацијата на потрошувачите на Македонија односно преставникот и претседател на ОПМ, Маријана Лончар Велкова беше избрана за член на Управниот одбор. Мандатот на сегашните членови на Управниот одбор е со траење од 2 години односно од 2017-2019 година.

ANEC ги претставува потрошувачите од земјите-членки на ЕУ и 3 земји од EFTA (Исланд, Норвешка и Швајцарија), како и Република Македонија, Србија и Турција. Повеќе за активностите на ANEC можете да прочитате на веб страницата www.anec.eu.

x

Може да ве интересира

Паметни играчки за деца #ToyFail

Новите играчки на пазарот кои се поврзуваат преку интернет имаат големи пропусти ...