почетна / Новости / Известувања / ОПМ – Народен правобранител – Т-мобиле

ОПМ – Народен правобранител – Т-мобиле

Почитувани потрошувачи !

Организација на потрошувачите на Македонија поднесе иницијатива до Народниот правобранител за спогодбено обештетување на потрошувачите кои од страна на мобилниот оператор Т-мобиле незаконски им се тарифирани импулси поради активирање на услугата говорно сандаче.

Имено Врховниот суд на Р.Македонија поднесе Пресуда УЖП бр.245/2010 на ден 05.07.2010. година со која го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата Скопје бр.07/6/2 од 26.01.2009 година.

Во постапката е утврдено дека Т-мобиле е мобилен оператор со значителна моќ на релевантните пазари со кој со своето однесување ја злоупотребува доминатната позиција, во смисла на спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата. Т-мобиле го прекршил Законот за заштита на конкуренцијата нудејки ја услугата “Говорно сандаче”, на начин што не оставил бесплатен простор на претплатникот, кон кого е насочен повикот, ке му остават порака, доколку на мобилниот телефон се вклучи услугата “Говорно сандаче”.

ВАЖНО!!!!

Ве известуваме Народниот правобранител постапи по нашиот допис и одговори позитивно на начин што не извести дека секој граѓанин има право да биде обештетен. За да можете да бидете обештетени треба да поднесете барање  за надомест на штета до Т-мобиле. Барањето треба да содржи до кого е упатено,  од кого е упатено,  дека се бара надомест на штета, за кои месеци се бара надомест на штета. Доколку ви треба некоја дополнителна информација или помош слободно јавете се нашите телфонски броеви!

x

Може да ве интересира

Топ 10 начини како бидете безбедни онлајн како потрошувач

По повод 15-ти Март Светскиот ден за заштита на правата на поторшувачите, ...