Паметни играчки за деца #ToyFail

Новите играчки на пазарот кои се поврзуваат преку интернет имаат големи пропусти кога станува збор за заштитата на основните права на потрошувачите, безбедноста и приватноста.

Норвешкиот Совет на потрошувачи ги анализирал условите и техничките карактеристики на овие играчки. Тие дошле до заклучок дека има сериозни пропусти во почитувањето на правата на децата на приватност и безбедност.

Врз основа на ова тоа што е откриено, организациите на потрошувачи од Европа и САД поднесуваат дописи до надлежните органи со кои ги информираат за очигледното прекршување на бројни закони за заштита на правата на потрошувачите.

Децата се особено ранливи, тие имаат право да користат производи и услуги со кои се штитат нивните права на безбедност и приватност. Се додека производителите не се подготвени да ги сфатат овие прашања сериозно, оваа модерна технологија не е погодна за играчките наменети за деца – Фин Мирстад, раководител на одделение за дигитални услуги во Советот на потрошувачи на Норвешка.

Со популаризирањето на играчките кои се поврзуваат со интернет, надзорот на пазарот ќе стане се повеќе комплексен. Предизвикот потрошувачите во ЕУ да останат заштитени е огромен, па затоа клучна е соработката помеѓу надлежните органи и организациите на потрошувачите. Фактот што овие злоупотреби на бизнисот не се запрени на самиот обид за влез на пазарот (на границата), прави задачата да биде уште потешка. – Моник Гојенс – Генерален директор на BEUC.

Видеото е достапно со превод на македонски јазик. За да го вклучите преводот кликнете на Settings па потоа во делот Subtitles/CC одберете Macedonian.

Активности: 24 организации (вклучувајќи и ANEC и BEUC) во 18 земји се приклучија на кампањата во различни форми. Властите во 10 земји се официјално информирани за кампањата и се започнати различни процеси за забрана на продажбата на играчките.

Резултати: Големи ланци на продавници со играчки во Холандија и Белгија ја запраа продажбата на овие играчки. Продавниците во Данска, Норвешка и Шведска нудат поврат на средствата на потрошувачите, во некои случаи и без сметка. Амазон ја запра продажбата на играчките преку продавницата во Шпанија, а потоа и на речиси сите други е-продавници во останатите држави. Во Германија надлежните органи ја забранија продажбата на играчката со образложение дека се работи за „уред за шпионажа“.

Новости: Со обновувањето на софтверот на паметните играчки, се воведе можност за рекламирање на производи. Тоа започна најпрвин со рекламирање на нездрава храна полна со шеќери и масти, што дополнително го зајакна отпорот против овие играчки, во кој се вклучија и бројни здравствени огранизации кои алудираат на забрана за рекламирањето на нездрава храна за децата, особено на ваков начин.

x

Може да ве интересира

Светски ден на правата на потрошувачите 2017: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

На 15ти Март, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ќе го прослави ...