почетна / Новости / Известувања / Појавата на играње квизови

Појавата на играње квизови

Појавата на играње квизови и слични емисии со наградни игри во последно време зема сé поголем замав. Адекватно на ова забележително се зголеми и бројот на граѓани кои се обратија во ОПМ со известување дека се чуствуваат оштетени од игрите на наградните квизови. Тие се принудени да платат поголема сума пари, некогаш и двојно повеќе од нивната мала заработувачка.

Честопати изјавуваат дека без нивно знаење нивните деца се јавувале на квизовите и направиле високи сметки. Лицата кои користат старосна или друга пензија исто така спаѓаат во оваа категорија. Во секој случај покрај материјалната штета што граѓаните ја претрпуваат, не ретко имаат и семејни проблеми, расправии за видно намалениот буџет, обвинувајќи се меѓусебно и префрлувајќи ја вината еден на друг во семејстсвото. Од тие причини ОПМ години наназад реагираше а и денес укажува на потребата јасно да се нагласат пропозициите на овие игри но исто така им укажува на граѓаните дека задоволството на играње НАГРАДНИ ИГРИ на ваков начин МОЖЕ ДА ГИ ЧИНИ И МНОГУ ПАРИ!!! Затоа препорачуваме: ,,Доколку вашиот оператор дозволува откажување од комерцијалните линии искористете ја таа можност‘‘.

Дека состојбата не е за потценување укажува и фактот што по повод најновите случувања, Председателот на Собранието на РМ, во текот на месец јануари 2010 година иницираше средба во Собранието на РМ со претставници на Советот за радиодифузија, Агенцијата за електронски комуникации и Организацијата на потрошувачите на Македонија, со цел да се направи ред во оваа дејност и појаснат пропозициите за организирање и учество на квизовите, кои ќе бидат вградени во новите законски прописи. Во меѓувреме согласно заклучокот од состанокот на заинтересираните страни во Собранието треба да се ублажат ефектите.со подзаконски акти кои треба да се усвојат до крајот на месецот.

Нашите согледувања се следните Времето и должината на повикот на комерцијалните линии, во најголемиот број случаи цената на повикот за учество на овие квизови или емисии е испишана со многу ситни и незабележливи букви и не е формирана заедно со ДДВ, што не е во согласност со постојната законска регулатива. Честопати во ваквите емисии има и нејаснотии околу пропозициите за учество, но и нејаснотии во врска со правилата на играта, транспарентноста на објавените резултати и сл. Потрошувачите честопати се наведувани повеќепати да се јавуваат, се ставаат на листа на чекање и се со цел да се освои посакуваната награда. Меѓутоа честопати се случува граѓаните да останат и без награда а згора на тоа да добијат и енормно високи телефонски сметки.

Ве молиме доколку забележите неправилности или имате некои негативни искуства во учество на вакви квизови и слични емисии обратете се до Организацијата на потрошувачите на Македонија писмено на адреса: ул,,Водњанска”бб. П.фах 150, 1000, Скопје или телефонски: 02 3 212-440.

x

Може да ве интересира

Топ 10 начини како бидете безбедни онлајн како потрошувач

По повод 15-ти Март Светскиот ден за заштита на правата на поторшувачите, ...