Home / Новости / Известувања / Потрошувачи, внимавајте!

Потрошувачи, внимавајте!

Потрошувачи, внимавајте при купувањето производи и користење на услуги во текот на новогодишните и божикни празници. Читајте ги декларациите и особено внимавајте на рокот на употреба. Секогаш барајте фискална сметка и чувајте ја.

При купување на сложено технички производи барајте уредно заверен гарантен лист и упатство за употреба на производот.

Патувајте со лиценцирани туристички агенции, со потпишан договор за аранжманот.

Внимавајте на ознаките и квалитетот на детските играчки и местата од каде ги купувате.

Внимавајте при избор на интернет провајдер и не им верувајте секогаш на рекламните пораки.

Барајте повеќе информации за условите под кои земате кредит од банките. Читајте ги договорите пред да ги потпишете.

Ви посакуваме среќни празници.