почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / ОПМ обука – Основи на потрошувачките политики во Р. Македонија

ОПМ обука – Основи на потрошувачките политики во Р. Македонија

Организацијата на потрошувачите на Македонија организираше Обука на тема: „Основи на потрошувачките политики во Република Македонија”, која се одржа на 25 10. 2011 година (вторник), во хотелот „Квинс (Зебра) ” – во Скопје со почеток во 10 часот. Обуката се организираше во рамките на Годишната програма на Организацијата на потрошувачи, поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од Центарот за Институционален развој – ЦИРа и финансиски поддржана од  Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

Целта на одржувањето на обуката беше стекнување на основни знаења од доменот на развивање и имплементирање на потрошувачките политики во Република Македонија.

На работната средба присуствуваа претставници и претседатели на Советите за заштита на потрошувачите при општините таму каде тие се формирани од вкупно 15 општини и тоа: Битола, Штип, Охрид, Кочани, Дебар, Демир Капија, Богданци, Карбинци, Неготино, Пробиштип, Прилеп, Центар, Град Скопје, Карпош и Гевгелија. Истотака присуствуваа и членови на Советот за заштита на потрошувачите при Влада на РМ, како претставник од Бирото за развој на образованието и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство. На учесниците им бе­ше образложено креирањето на потрошувачките политики на национално, локално ниво но и во ЕУ.

x

Може да ве интересира

Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации

Организацијата на потрошувачите учествуваше на Националниот форум: „Граѓаните за промени – Ден ...