Home / Новости / Активности / Настани и промоции / ОПМ обука – Основи на потрошувачко право во Р.М

ОПМ обука – Основи на потрошувачко право во Р.М

Организацијата на потрошувачите на Македонија организираше обука на тема: „Основи на потрошувачко право во Република Македонија” која се одржа на 28 јуни 2011 година, во хотелот „Queens” – Зебра во Скопје со почеток во 11 часот.

Целта на одржувањето на обуката беше стекнување на основни знаења од доменот на потрошувачкото право во Република Македонија, од страна на делегираните претставници на целните општини и Градот Скопје. На работилницата присуствуваа вкупно 26 учесници и претставници на 11 општини: Битола, Штип, Кочани, Градот Скопје, Струмица, Карпош, Велес Неготино, Гевгелија, Кичево и Прилеп, претставници на Организацијата на потрошувачите на Македонија како и претставници од Агенција за електронски комуникации, Дирекција за храна, Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство и Министерство за економија.