Права на пациенти

Оваа област на делување на комисијата претпоставува заштита на интересите на пациентите преку воспоставување систем на подобра законска регулатива, поголемо учество на граѓаните во процесот на одлучување, транспарентност на информациите и подобро здравствено осигурување и здавствена заштита.

Оваа комисија својата дејност ја остварува воглавно преку:

  • Анализа на правната регулатива во областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, со подготовка на прирачник и хрестоматија на законските прописи
  • Соработка со државните органи и институции и стручни организации: Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Републичкиот завод за здрваствена заштита, републичките инспекции, Лекарската Комора, Фармацевтската Комора и со локалната самоуправа.
  • Соработка со НВО-и кои се регистирани за пружање помош на одредени групи пациенти, како и соработка со  други НВО-и: Сојуз на пензионери, Сојуз на жени, Асоцијација на родители, Детски парламент, Црвен Крст на Македобнија и сл.

Информирање со помош на:

  • Советодавните бироа на ОПМ и ограноците,
  • средствата за јавно информирање,
  • билтенот на ОПМ и брошурите и
  • изработка на посебни инфотеки од оваа област како пермантен систем за превентивни информации

Едукација за правата на пациентите што се остварува преку:  трибини, предавања, прирачници, инфосистем и организирање стручни форуми  преку вклучување на:

  • членовите на експертската група на ОПМ
  • асоцијациите на болни и инвалиди,
  • асоцијациите на пензионери, женските и др. организации,
  • корисници на здравствени услуги.