Правни совети

 

Потикнати од развојот на европското законодавство и директивите во областа на заштита на потрошувачите на Европската унија, правната група на ОПМ работеше на донесување Закон за заштита на потрошувачите, усвоен од Собранието на Република  Македонија  во јули, 2000 година.
Така, повеќегодишните активности на Организацијата на потрошувачите на Македонија резултираа со остварување на основната и приоритетна цел – донесување на Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 63/2000). По имплементација на Законот за потрошувачи се констатираше неопходноста од измени и дополнувања на постојниот Закон што доведе до изработка на нов текст на Законот за заштитан а потрошувачи (кој се донесе 18 јули 2004 година). Јуни, 2007 година се донесе и Законот за измени и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите (Сл.Весник на Р.Македонија бр.77 од 20.06.2007).
Со остварување на една од приритетните цели на Организацијата се создадоа предуслови за остварување  на една друга цел – спроведување на Законот, а со тоа и заштита на правата на потрошувачите.
Република Македонија е се уште на својот почеток на остварување на правата на потрошувачите, во што треба да се вклучат инспекциските и другите органи, омбудсманот и пошироката јавност. Основната одговорност за реализацијата на овие активности ќе биде на правната комисија.

Правната комисија работи особено на:

  • Имплементација на Законот за заштита на потрошувачите пред граѓаните,инспекциските и другите органи преку трибини, семинари и работилници;
  • Обезбедување информативен систем за потрошувачите-инфотека во правната област, едукација на потрошувачите, создавање можност за самоинформирање и достапност на информациите ;
  • Издавање брошури од правната област и нивна десиминација;
  • Изработка на регистар на прописи на годишно ниво;
  • Изработка на прирачници за советодавачите за општо – правно советување преку генерализирање на податоци од советодавните бироа;
  • Помош на комисиите на ОПМ во анализа на законодавството во специфичните области;
  • Континуирано следење на правната регулатива за заштита на потрошувачите во Европската унија;
  • Застапување на интересите на потрошувачите во усогласување на националното законодавсто со она на Унијата;
  • Унапредување на институциите за заштита на потрошувачите во  Македонија, нивно практично делување и развој;
  • Изработка на предлог програми  за заштита на потрошувачите и нивно презентирање пред Советот за заштита на порошувачите на Владата на Република Македонија;
  • Воспоставување контакти со Законодавно правната Комисија на Собранието на Република Македонија.