почетна / За Нас / Што е ОПМ

Што е ОПМ

Визија

Визијата на Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ е општество во кое граѓаните на Република Македонија целосно ги остваруваат своите потрошувачки права и практикуваат одговорна потрошувачка. Ние сме посветени на идејата дека сите ние како потрошувачи имаме право на подобар квалитет на живот, но и одговорност да не го загрозиме тоа право на идните генерации преку нашиот избор и користење на производи и услуги.

Мисија

ОПМ постои заради заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права, како што се:

  • Достапност на најнужните производи и услуги;
  • Безбедни и квалитетни производи и услуги;
  • Вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите, заради правилен избор на производи и услуги;
  • Надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;
  • Здрава животна средина и одржлива потрошувачка.

Целта на ОПМ ја остваруваме преку обезбедување на совети, информации и едукација на потрошувачите во однос на нивните индивидуални и колективни потрошувачки права, и преку претставување на нивните интереси во процеси на креирање политики и законска регулатива.

Историјат

ОПМ е формирана како здружение на граѓани во 1996 година во Скопје, Република Македонија. ОПМ е „чадор” организација со Советодавно биро во Скопје и во неа членуваат организациите на потрошувачи од: Битола, Штип, Тетово, Охрид и Кочани кои имаат свои советодавни бироа.

ОПМ е активен член на Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers International, Европската организација на потрошувачите – BEUC и Европскиот глас за стандардизација – ANEC.

Комисии и работни групи

Комисиите на ОПМ се формирани врз основа на практичната работа, ефективни комуникации со експерти во поодделни подрачја, потребите на граѓаните, органите и телата на државната управа и локалната самоуправа во доменот на заштитата на потрошувачите.

Нивното постоење и развој е со цел преку соодветни програмски насоки во областите во кои се формирани, да бидат промотор за унапредување и разбирање на правата и одговорностите на потрошувачите.

Програмските определби на комисиите ја сочинуваат суштината на стручната компонента на овој оперативен план во доменот на работните и развојните активности на ОПМ. Во рамките на ОПМ функционираат следниве комисии:

  • Правна
  • Домување
  • Исхрана
  • Права на пациенти
  • Енергетика

и работни групи за:

  • Едукација на децата како потрошувачи во предучилишното воспитание
  • Едукација на учениците како потрошувачи во основното образовани