почетна / Новости / Храна / Што има во Вашата кујна?

Што има во Вашата кујна?

Потрошувачите во Европа се повеќе се интересираат за тоа што има во нивната храна и како да се хранат правилно. Но, правењето правилен избор е далеку од лесно. Европската организација на потрошувачите (BEUC) смета дека од суштинско значење е акција ширум Европа за помош при правење на правилен избор на храната која ја консумираме.

Сајтот „Што има во Вашата кујна?“ беше развиен од Европската организација на потрошувачите (BEUC), како дел од проектот започнат заедно со организациите на потрошувачи од 12 земји, членки на BEUC (меѓу кои и ОПМ). На сајтот се прикажани главните прашања кои беа опфатени во студијата на BEUC на тема „Информирани избори при консумирање на храна за поздрави потрошувачи“. При изработка на сајтот учествуваа експертите од работната група за храна при ОПМ. Сајтот е целосно преведен на македонски јазик, а на него можете да пристапите преку доменот: „www.whatsinyourkitchen.eu“.

x

Може да ве интересира

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и ...