почетна / Новости / Активности / Интервјуа во медиуми / Сител: Во екот на празничното пазарување, расте бројот на поплаки за неисправни производи

Сител: Во екот на празничното пазарување, расте бројот на поплаки за неисправни производи

Измени на Законот за заштита на потрошувачите и пред се зголемување на гарантниот рок бараат надлежните. Во екот на празниците каде потрошувачката е во преден план расте и бројот на поплаки од граѓаните.

Надлежните посочуваат дека задолжителната гаранција од 6 месеци е многу краток период, а техничките апарати обично се расипуваат после половина гоидина. Товарот за поправка паѓа на потрошувачите. Поради ова од надлежната организација бараат минималната гаранција да се зголеми на 9 месеци.

Од 3000 поплаки годинава, најголем број, односно 371, биле поради неквалитетни производи односно производи под гаранција и сервисирање.

Освен потрошувачите со проблеми се соочуваат и компаниите. Големите дистрибутери се борат со нелојална конкуренција. Помалите дистрибутери на технички апарати и други производи ги нудат по пониска цена наводно истите производи. Најчесто по истекот на гаранцијата тие веднаш се расипуваат.

Со измените на законската регулатива надлежните ќе бараат и измени во делот на сервисирањето, означувањето на цени како и распродажбата.

Најголем дел од поплаките годинава се од техничките апарати. По нив следат жалбите од јавните односно телекомуникациските услуги. Расте и бројот на поплаки по маил и социјалните мрежи, со што граѓаните очекуваат побрзо решавање на случаите.

x

Може да ве интересира

Фирмите да водат сметка за потрошувачите – ТВ Стар

Интервју за ТВ Стар во врска со настанот одржан во Штип за ...