почетна / Новости / Храна / Соопштение

Соопштение

Организацијата на потрошувачите на Македонија како член на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија побара итна средба на Советот со цел да се разгледаат последните поскапувања на основните животни намирници кои длабоко го загрижуваат македонскиот граѓанин.

Советот за заштита на потрошувачите на Република Македонија е трипартирно тело каде членовите се претставници на потрошувачите, бизнис заедницата, и јавниот сектор – ресорните министрства.

Нашето согледување на состојбите поткрепено од комуникацијата со другите потрошувачки организации (Шпанија, Данска, Исланд, Португлија и др.) членки на Европската организација на потрошувачи – BEUC, укажуваат на потребата итно да се интервенира до Комисијата за заштита на конкурентноста.

ОПМ упати барање до Комисијата да направи посеопфатно истражување на пазарот на храна во Република Македонија, со цел преку соодветни механизами кои со Закон и стојат на располагање, да испита на што се должат последните покачувања на основните прехрамбени производи и да се побара за наодите да го извести Советот на потрошувачите.

x

Може да ве интересира

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и ...