Соопштение

Советот за заштита на потрошувачите при Владата на РМ, на седницата одржана на 7.07.2006 година го разгледа и усвои Типскиот Договор за организирање, продажба и реализација на туристички пакет аранжман, изработен од Организацијата на потрошувачите на Македонија, Министерството за економија и Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ). Склучувањето на ваков вид писмен договор помеѓу договорните страни е предвидено со Законот за туристичка дејност, и претставува обврска на секоја туристичкита агенција – давател на услуга и право на секој патник – корисник на услугата.
Предлог договорот е изработен со цел да им послужи на туристичките агенции во изработка на нови договори за организирани туристички патувања како и усогласување на веќе постојните договори кој ќе им се понудат на потрошувачите оваа летна сезона. Истовремено тој претставува добра можност потрошувачите да добијат првични сознанија за тоа што треба да содржи договорот кој ќе го склучат со туристичката агенција пред претстојните патувања во текот на летните одмори. Типскиот договор ќе биде ставен на распплагање за сите заинтерсеирани стран к и на web – страните на Организацијата на потрошувачите на Македонија, Стопанската комора на РМ и Министерството за економија. повеќе…