почетна / Информативни материјали / Брошури / Јавни услуги / Комунални услуги / Студија: Зајакнување на организациите на потрошувачите, за подобри комунални услуги во Југоисточна Европа

Студија: Зајакнување на организациите на потрошувачите, за подобри комунални услуги во Југоисточна Европа

Оваа студија беше подготвена во рамките на проектот „Зајакнување на организациите на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа“ финансирана од Германската меѓународна соработка, Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа (ГИЗ ОРФ), име на проектот: Модернизација на општинските услуги. Партнери за спроведување на проектот беа: Мрежата „Размислувај за Европа за ЕУ политики, тинк тенкови и центри за истражување на политиките во Југоисточна Европа (TEN) воспоставена од страна на Европскиот центар за политики (CEP) од Србија, Европскиот институт за политики (EPI), Македонија и Институтот „Алтернатива“ од Црна Гора, со учество на партнерски  организации на потрошувачи, Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Центарот за заштита на потрошувачите на Црна Гора (ЦЕЗАП) и Српската национална организација на потрошувачи (НОПС). Истражувањето беше спроведено во одбрани општини во Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово*.

Аналитичката рамка за истражувањето подразбираше избор на општини во земјите учеснички. Методолошкиот пристап на изборот се состоеше од наменска (што не се базирани на веројатност) техника на избор на мустри, насоченост кон поголеми локални заедници со значајна улога во нудењето на општински услуги. Во врска со тоа, истражувањето во Србија беше спроведено во градовите Белград, Крагуевац, Нови Сад и Суботица, а во Македонија во Скопје, Тетово и Кочани, во Црна Гора во Подгорица и Беране, додека истражувањето во Косово*, Албанија и Босна и Херцеговина се фокусираше на главните градови Приштина, Тирана и Сараево. Методолошкиот пристап на истражувањето се засноваше на квалитативната метода, со цел да се понуди суштински преглед на сите релевантни прашања што се важни за дадената тема и разбирање на историјатот во контекст на релевантните чинители и нивните сегашни услуги. Квантитавниот метод беше користен како додаток, а освен тоа, беше базиран на расположливоста на податоци што беа релевантни за истражувањето.
Притоа беа користени следниве техники за прибирање на квалитативни податоци:

  • Полуструктурни интервјуа;
  • Фокус групи.

Полуструктурните прашалници беа користени во интервјуата. Интервјуата се спроведуваа со релевантни претставници на ЈКП, локалните власти, надлежните министерства и други поединци кои што беа релевантни за регулативата и давањето на општинските услуги, како и за заштита на потрошувачите. Главен аспект на заштитата на потрошувачите и спроведувањето на правилата, вклучително нивото на свесност и релевантната регулатива исто така беа истражени. Оваа алатка исто така се користеше и во интервјуата со претставниците на ОЗП со цел да се прибере информација за заштита на потрошувачите во областа на истражувањето и нивниот капацитет во врска со тоа. Интервјуа на фокусирање на групите беше организирано со учество на потрошувачите кои што соодветно беа претставувани преку панели на категории на корисници на општински услуги. Овој методолошки инструмент се користеше со цел да се даде подлабоко разбирање на некои клучни прашања од аспект на потрошувачите, но исто така и да се отвори натамошна дискусија за можностите за подобрување на сегашните состојби. Интервјуата на фокусни групи вклучуваа дискусија за тековната свест и нивото на информација на потрошувачите, поврзано со заштитата на потрошувачите, нивното задоволство од тековните шеми на комуникација, како и мерките за распространување на информацијата кон потрошувачите од страна на ОЗП. Анализата на документите понуди, исто така и додатни податоци и истата беше земена предвид во сите нивоа на ова истражување.

  

x

Може да ве интересира

Здруженијата на потрошувачи во системот за заштита на потрошувачите

Оваа студија за унапредување на положбата на здруженијата на потрошувачите во системот ...