почетна / Новости / Активности / Настани и промоции / Светски ден на потрошувачите – 2010

Светски ден на потрошувачите – 2010

15 Март е значаен ден за целокупното светско потрошувачко движење поради прифаќање на Насоките за заштита на потрошувачите од страна на ООН, кои подоцна, преку меѓународната организација за заштита на потрошувачите Consumers International се промовирани во осум основни потрошувачки права и тоа:

  • право на задоволување на основните потреби – достапност на најнужните производи и услуги
  • право на безбедност на производите и услугите
  • право на информираност
  • право на избор
  • право да бидат земени во предвид интересите на потрошувачите
  • право на надомест на штета
  • право на образование на потрошувачите и
  • право да се живее во здрава животна средина.

Во 1985 година овие насоки претставуваа ориентација на потрошувачкото движење и основа да се земат предвид интересите и потребите на потрошувачите. Насоките ја усмерија и правната регулатива за заштита на потрошувачите на Европската унија и земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ меѓу кои и Република Македонија како земја кандидат.

x

Може да ве интересира

ГАЛЕРИЈА: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

Под мотото на Светската организација на потрошувачи „Градење дигитален свет на кој ...