почетна / Новости / Општо / Светски ден за правата на потрошувачите 2016: Oтпор кон антибиотиците!

Светски ден за правата на потрошувачите 2016: Oтпор кон антибиотиците!

На 15 март 2016, потрошувачките организации низ светот ќе се здружат со цел да придонесат во справувањето со големата меѓународна здравствена криза.

Меѓународната потрошувачка организација „Consumers International“ и нејзините членови ги повикуваат најголемите компании за брза храна на глобално ниво да престанат да служат месо од животни на кои рутински им се давани антибиотици кои се користат во медицината за здравствена заштита на луѓето.

Преголемата потреба на антибиотици создава високо отпорни бактерии. Без итна акција, развојот ќе биде насочен кон пост-антибиотска ера, каде важните лекови ќе престанат да дејствуваат и малите инфекции и повреди повторно ќе бидат смртоносни.

Околу 50% од антибиотиците на светот се користат во земјоделството. Со околу 100.000 ресторани насекаде во светот, Мекдоналдс (McDonald’s), Сабвеј (Subway) и КФЦ (KFC) се во позиција да го искористат нивниот огромен продажен потенцијал за да направат голема разлика на глобалниот ланец за снабдување со храна.

Сакаме да ги исфрлиме #АнтибиотицитеНадворОдМенито.

За таа цел, Организацијата на потрошувачите на Македонија организираше настан по повод светскиот ден на правата на поторшувачите, каде што се надоврза на кампањата со тоа што ја промовираше веб страницата „Знаете ли што јадете? Совети за правилна исхрана“ www.pravilnaishrana.mk, мобилната апликација за паметни телефони на Андроид оперативен систем (а наскоро ќе биде објавена и апликацијата за iOS) и брошурата со ист назив. Оваа веб-траница е развиена со поддршка од Anne Fransen Fund, за да ги информира потрошувачите за правилната исхрана и нејзината важност за здравјето, и да даде практични совети и алатки преку кои ќе им се овозможи правилен избор на прехранбени производи.

Тука ќе најдете информации за тоа колкава количина на енергија и основни прехранбени состојки ви се потребни во текот на еден ден, да ги распределите намирниците меѓу трите главни оброка во текот на денот, и за тоа како да ги утврдите нивните енергетски и нутритивни содржини. Објаснето е и значењето на нутритивната етикета на прехранбените производи, и дадени се насоки за нејзино читање и толкување. Страницата содржи и информации за тоа како да ги препознаете триковите кои ги користат производителите и трговците на храна, но и за влијанието на прехранбените избори кои ги правиме врз животната средина.

На десната страна на веб-страницата можете да најдете семафор кој ќе ви помогне да одредите дали одреден прехранбен производ е препорачано да го користите поретко или почесто во исхраната, како и калкулатор за препорачаниот дневен внес на енергија и прехранбени производи.

x

Може да ве интересира

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и ...