почетна / Uncategorized / Тренинг/Обука за ученици и професори

Тренинг/Обука за ученици и професори

Организацијата на потрошувачите на Македонија за спроведување на својата цел „едукација и подигање на јавната свест кај потрошувачите“, изврши обука/предавање во средното училиште Браќа Миладиновци, во присуство и на ученици од средното училиште Раде Јовчевски Корчагин.

 

 

 

Се обработија 3 теми: „Основните потрошувачки права“, „Internet of things“ И „Дигитални Права“.
Настанот од страна на учениците и професорите беше солидно оценет и зачинет со дискусија, голем број на прашања и коментари од страна на учениците и професорите.

 

 

Целта на овој тренинг беше запознавање на потрошувачите со своите потрошувачки права уште од најраната возраст, да се дејствува превентивно и да се запознаат учениците со проблемите кои ги имаат потрошувачите кои постојано вршат трансакции на пазарот, а особено преку интерт.

 

 

 

Организацијата на потрошувачите на Македонија е отворена за соработка и со другите основни и средни училишта на територија на Град Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

x

Може да ве интересира

15 Март – Светски ден за правата на потрошувачите

Потрошувачките организации ширум светот на овој ден го прославуваат меѓународното движење на ...