Брошура: Време за патување

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задоволство. Патувањето треба да е организирано, како би можело да ни пружи релаксација. Патувањето најчесто нуди можности за запознавање со нови дестинации и на различна култура, можност за спортување, уживање. Патувајте секогаш кога имате можност и кога тоа ви го дозволуваат обврските.

Зимските и летни одмори, викенд, добар концерт, спортски натпревар, бизнис патување, конгрес, посета на метрополи, далечни дестинации, егзотични дестинации, екстремни спортови итн. Различни се причините поради кои за организирањето на нашето патување можеме да побараме услуга од професионалци, а тоа се вработените во туристичките агенции.

Денес, со глобализацијата и развојот на технологиите, кога патуваме можеме сами да ги одбереме дестинациите и да ангажираме превоз и сместување по електронски пат, сами да бидеме за себе сопствена туристичка агенција. Меѓутоа, поголемиот број на патувања сепак сакаме да ги реализираме со користење на туристичка агенција, како организатор на пакет туристички аранжман. За да имаме ваков аранжман потребно е да бидат понудени неколку вида на услуги: превоз, сместување , исхрана итн. независно дали патувањето трае еден или повеќе денови.

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2016-та година изработи брошура со наслов „Време за патување“ во која детално и опширно е обработена темата за туристичките патувања. Брошурата на македонски и албански јазик можете да ја преземете со кликнување на сликите подолу.

   

x

Може да ве интересира

Права на потрошувачите при купување на далечина