почетна / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Времето истекува! Да ја постигнеме целта!

Времето истекува! Да ја постигнеме целта!

Ова е мотото под кое беше презентирана новата брошура на BEUC, Европската организација на потрошувачи, по повод изборите за Европскиот Парламент. Битно е да се напомене дека свој придонес имаме и ние како Организација на потрошувачите на Македонија, членка на BEUC.

Во мај 2014, граѓаните и потрошувачите од сите 28 земји членки на Европската Унија гласаат на изборите за избор на своите преставници во парламентот.

Затоа BEUC, се осврнува на постигнувањата од членовите на Европскиот Парламент, од последните избори кои се одржаа 2009 година. Одбираат да се фокусираат на прописите кои имаа големо влијание врз потрошувачите и кои Европскиот Парламент ги усвои во последните 4 години.

Врз основа на краток преглед, BEUC дава предлози,  што  земјите членки ќе треба да постигнат со цел подобрување на животот на потрошувачите во Европа.

Вреднување на остварувања е направено преку систем на семафор каде со одреден знак и боја се укажува на многу добри, добри, средни или лоши остварувања, а дадени се и препораки за дополнителна акција.

Па така на брошурата дадени се следните области: дигитални права, потрошувачки договори, енергија, финансиски услуги, храна, здравје, надомест на штета и безбедност и одржливост.

Подолу се наоѓаат брошурата за престојните избори и изборниот манифест, исто така издаден од BEUC.

izbori-beuc manifest
x

Може да ве интересира

Стоп за гео-блокирањето!

Европската комисија вети дека ќе се бори против гео-блокирањата во единствениот пазар ...