почетна / Новости / Активности / Анкети и истражувања / Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги

Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги

Оваа студија ги анализира состојбите и предизвиците со основните комунални услуги и дава препораки како да се унапреди заштитата на правата и интересите на корисниците на услугите.

Комуналните услуги значително влијаат на семејниот буџет и на квалитетот на живот на граѓаните. Во однос на влијанието врз семејниот буџет, како показател можеме да ги земеме објавените податоци за минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство, објавени од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според пресметките на ССМ, минималната кошничка за февруари 2016 година изнесувала 32.325 денари. Со тоа, вкупните месечни трошоци за јавни услуги – вклучително и комуналните услуги – изнесуваат 10.617 денари или една третина од семејниот буџет. И покрај тоа што издвојуваат значаен дел од своите приходи за основните комунални услуги, граѓаните честопати не се целосно задоволни од нив, а истовремено сметаат дека се немоќни да влијаат на подобрувањето на состојбите поради монополската или доминантната позиција на давателите на услугите.

Документот дава преглед на правните акти што ја регулираат заштитата на потрошувачите и комуналните услуги, ги анализира практиките на давателите на дел од комуналните услуги на подрачјето на Скопје и ги претставува наодите од спроведено теренско испитување на јавното мислење на 500 жители на главниот град за задоволството од услугите за јавен автобуски превоз, водоснабдување и канализација, отстранување отпад, јавен паркинг, централно греење и јавно осветлување. Покрај препораки за унапредување на правната рамка, студијата дава и насоки за подобрување на практиките на давателите на услуги, вклучително и преку модел на кодекс за фер однос кон потрошувачите, изработен во согласност со ИСО 26000 – Водич за општествена одговорност и ИСО/ТС 10001 – Упатства за кодекси на однесување на трговските друштва.
Civica_Stud_Komunalni_uslugi_WEB_thumb

x

Може да ве интересира

Анкета: Правата на потрошувачите при туристичките патувања

Организацијата на потрошувачите на Македонија спроведува истражување на тема „Правата на потрошувачите ...