Заштеда на енергија и домување

Комисијата е формирана со цел да ја идентификува, артикулира и организира заштита на интересите на “малите” потрошувачи преку едукација и дистрибуција на корисни информации за потрошувачката, понудувачката, начинот на користење и штетното влијание на енергентите врз човековата околина.

Делокруг на работа на комисијата исто така се однесува на заштитата на потрошувачите во дејностите од јавен интерес, монополската положба на јавните претпријатија и местото  улогата на потрошувачите во процесот на одлучување по прашања кои задираат во нивните економски интерси.

Со цел да ги оствари зацртаните цели комисјата делува кон следните содржини:

Анализа на законите и подзаконските акти за претпријатијата кои вршат дејности од јавен интерес;

  • Со свои прелози и сугестии учество во подготовките на тарифните системи за продажба на енергентите;
  • Владата да формира регулаторни тела* кои ќе ја воспоставуваат и контролираат примената на стандардите за услугите од значење за потрошувачите;
  • Транспарентност во комуникациите со граѓаните, нивна едукација преку семинари и трибини;
  • Изработка на инфосистем, регистратори во областа на заштеда на енергија и компартивно тестирање на производите за домаќинство;
  • изработка на едукативни брошури, како и соодветни тематски содржини во Билтенот на ОПМ.
  • Унапредување на соработката со Министерството за економија, Бирото за стандардизација, Бирото за заштита на
    индустриската сопственост и инспекциските служби;

Согласно декларираните основни области на делување Организацијата на потрошувачите на Македонија ќе формира уште најмаку две комисии во периодот опфатен со планот и тоа :

  • Комисија за образование на младите потрошувчи;
  • Комисија за финансиски услуги и осигурување;

– Домување –

Основните насоки на делување во овој домен се во унапредување на законската регулатива и едукација на граѓаните за нивните права и обврски во областа становање и домување како придонес во подигање на општата култура на живеење. Спроведувањето на оваа програма ќе биде во доменот на комисијата за станување и домување. 

Оваа комисија својата дејност ја остварува воглавно преку:

 Развој изградба на информативен систем – Инфотека,  заради превентива и континуирано информирање и едукација на потрошувачите  во областа градежништво и користење на просторот.

Изготвување информативни материјали/брошури, особено во следните тематски подрачја:

  • Анализа на законската регулатива-колективно становање
  • Технички решенија и градежни материјали за заштита од подземни води, влага и кондензат
  • Стабилна, сеизмичка и економична градба
  • Постапка за озваничување на имотна сопственост  (катастар) и упис во катастар
  • Осознавање на значењето на генералниот урбанистички план и  деталниот урбанистички план
  • Заштеда на енергија
  • Поврзување и соработка со други сродни проекти на ГТЗ  како на пример ЛЕАП за град Скопје и сл.

Директни контакти со граѓаните на ниво на локална самоуправа преку трибини, семинари, воркшоп со цел приближување на информациите од инфотеката, изданијата на ОПМ, како и заради  колективно советување

Индивидуални совети во советодавното биро (при централа во Скопје)

Работа со јавните гласила, радио, ТВ и весници

Воспоставување соработка со градоначалникот на Град Скопје и град-скиот архитект, како  и локалните единици по однос на помош и подршка на потрошувачите.