„Фер со потрошувачот“ е сертификат кој се доделува на компаниите кои сакаат со фер однос со потрошувачите, да ја стекнат нивната лојалност и да ја подобрат конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар.
Заснован на ISO 26000, сертификатот потврдува дека компаниите имаат јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, користат фер пазарни практики, применуваат спогодбено решавање поплаки и спорови, ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.
Со сертификацијата помагаме да се поттикне фер деловната пракса и да се воведат корпоративни кодекси за однос кон потрошувачите.
Сертификатот ќе се додели на првите 45 сертифицирани kомпании на 30.07.2019 година.