Home / Новости / Активности / Биди препознатлив ЛИДЕР, Биди ФЕР со потрошувачот!

Биди препознатлив ЛИДЕР, Биди ФЕР со потрошувачот!

На ден 26.10.2021 година, компанијата СЕТЕК Се од Техника се стекна со сертификат “ ФЕР со потрошувачот ”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека СЕТЕК Се од Техника е компанија ориентирана во сите области на делувањето. Придобивањето и задржувањето на потрошувачите се приоритети на нашата компанија и зголемување на довербата кај потрошувачите.

Сертификатот “ ФЕР со потрошувачот ” се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а кои се однесуваат на : заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, едукација и свесност на потрошувачите како и совесна и одржлива потрошувачка за правилен избор при купување на производи и нудење на услуги.

Пристапувањето на СЕТЕК Се од Техника кон процесот на сертификација значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзноста на СЕТЕК Се од Техника да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе и зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите. СЕТЕК Се од Техника претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на web страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании”.

извор: set.mk

x

Check Also

Како до поголема заштита на потрошувачите

Во рамки на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за ...