Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава третиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.
Во овој број можете да прочитате: „Совети – да се заштитиме од труење со храна“, „Акриламид во храната“, „Сурутка – Вашиот извор на протеини“, „Колку чини дебелината“, „Трансмасти во храната и во севкупната исхрана“, „Исхрана во пролет“, „Кои се најчестите нутритивни тврдења и дали ги разбирате?“.