Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава шестиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.
Во овој број можете да прочитате: „ОРГАНСКИ СВЕТ”, „ТРАДИЦИОНАЛНА ХРАНА”, „ПУТЕР ИЛИ МАРГАРИН“, „КАКО ЗНАЕМЕ ШТО И КОЛКУ ЈАДЕМЕ“, „ПРОБИОТСКИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ“ и „ЗЕЛЕНЧУКОТ – РИЗНИЗА НА ЗДРАВЈЕ“.