Потрошувачот и неговите права

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура со назив: „Потрошувачот и неговите права кога купува производи, за себе или своето семејство, производи што не се трошат при првата употреба, туку се користат подолг временски период“.

Оваа брошура нуди информации за правата на потрошувачите при купување на производи кои не се технички, односно производи за кои вообичаено не се дава гарантен лист, но потршувачите очекуваат да траат подолг временски период. Вакви производи се обувките, облеката, мебелот и останати производи за домот, итн.

Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.