Home / Сертификати / Фер со потрошувачот / Даути Комерц АД се ресертифицираше со сертификатот „Фер со потрошувачот“

Даути Комерц АД се ресертифицираше со сертификатот „Фер со потрошувачот“

Даути Комерц АД се ресертифицираше со сертификат “ФЕР со потрошувачот”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Ресертификацијата претставува потврда дека Даути Комерц АД е и понатаму ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

Тоа  значи дека компанијата во сите наведени области и понатаму ги исполнува условите потребни за добивање со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Даути Комерц АД, да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите.

Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.