Home / Consumers4Sustainability / Активности / Дводневна работилница – Општина Битола

Дводневна работилница – Општина Битола

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 11 и 12 април 2022 година во хотел Милениум – Битола, одржа дводневна работилница за Предлог програма за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и родова перспектива.
На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Битола, претставници од Советот за заштита на потрошувачите на општина Битола, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, локални граѓански организации, бизнис секторот, претставници на Советот на потрошувачи на Владата на РСМ и Град Скопје и други релевантни институции.


За време на работилницата преку практични вежби беа активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Битола, во изготвување на локална Програма за заштита на потрошувачите што би послужила како модел програма за 2023 година, со вклучување на одржлива потрошувачка и родовата перспектива. На работилницата како добра пракса, беше споделено искуството на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија и Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во спроведување на овие програми. Покрај тоа на работилницата беше претставена потребата во програмите да биде воведена енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка, како дел од Зелената агенда на ЕУ.