Home / Информативни материјали / Брошури / Фестивал на органска храна

Фестивал на органска храна

Организацијата на потрошувачите на Македонија одржи средба со претставниците на медиумите одржана на 03.10.2014 година, а која беше закажана од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Здружението на производители на органска храна „Биофарм – Биљино”, каде ги информираше претставниците на медиумите за одржување на Зелената недела и учеството на ОПМ на Фестивалот на органска храна.

Организацијата на потрошувачите на Македонија  – ОПМ  членка на  Светската потрошувачка организација (Consumers International – CI) се вклучува во светското одбележување на  Зелената недела заедно со организациите на потрошувачи во целиот свет, што е овозможено и поддржано од страна на Шведската организација (Swedish Society for Nature Conservation – SSNC) и Шведската агенција за развој и соработка (Swedish International Development Cooperation Agency), преку  Светската потрошувачка организација (Consumers International – CI). Оваа акција  се организира секоја година со цел преку организациите на потрошувачи да се влијае да се воспостават нови навики за одржлива потрошувачка.

Зелената недела е светска кампања за јакнење на свесноста од штетните последици од употребата на пестициди и предностите од консумирањето на органска храна. Во насока на промоција на Зелената недела, ОПМ учествува на Фестивалот на органска храна што ќе се организира во „Капитол мол“ во Скопје, на 04.10.2014 година, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Здружението на производители на органска храна „Биофарм – Биљино”, преку учество на дваесет производители на органска храна кои ќе го презентираат своето производство.

На Фестивалот на органска храна, ОПМ ќе има поздравно обраќање и ќе ги промовира  изработените брошури кои се овозможени со поддршка на Consumers International – CI и Swedish Society for Nature Conservation – SSNC , а истите дополнително ќе бидат поставени на веб страната и на фејсбук профилот  на организацијата. Брошурата: „Органската храна, здрава вкусна и безбедна!“ дава одговор на прашањата  кои потрошувачите најчесто си ги поставуваат како и на позитивните аспекти од консумирањето на овие производи и каде истите да се најдат.  Другата брошура се однесува на пестицидите во храната, нивното регулирање во правните прописи, опасностите кои ги предизвикуваат врз здравјето на луѓето и можните начини како да се заштитиме од резидуите од пестициди.

Брошурите ќе им бидат поделени на потрошувачите на самата манифестација а исто така ќе бидат поставени на штандовите на производителите – учесници и на пулт во супермаркетот во „Капитол мол“. Со овие активности ОПМ има за цел:

– знакот за органските производи кои се произведуваат во Република Македонија да биде подобро препознаен од страна на потрошувачите,

– трговците повидливо да го означат  местото на продажба на овие производи,

– потрошувачите  да стекнат навики да ги купуваат органските производи со што ќе имаат одговорен однос кон своето здравје и животната средина.

ОПМ во иднина планира заедно со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Здружението на производители на органска храна, да помогне во поголема едукација на населението за корисноста од органската храна и активно да биде вклучена во имплементација на Националниот план за органско производство 2013 – 2020 година.

Подобро запознавање на потрошувачите со предноста при користење на овие производи, соодветно означувањето и поголема видливост на знакот на овие производи на местото на продажба, охрабрување на производителите да го зголемат производството и да станат попрепознатливи е еден од предизвиците на кои ОПМ треба да работи, во интерес на потрошувачите, одржливата потрошувачка и заштита на животната средина, заедно со сите заинтересирани страни.Исто така, со цел да се добие фидбек од потрошувачите, ОПМ подготви краток прашалник за органската храна, па затоа ве молиме да го одговорите на кликнувајќи на овој линк.

Во проложение можете да ги погледнете новите брошури „Органска храна – Здрава, вкусна и безбедна“ и „Пестицидите и храната“.

 

 Pesticidite_i_hranata_prva_strana  organska_hrana_-_prva_strana