На ден 14.10.2021г во Хотелот Оаза во Штип се одржа фокус група во рамите на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот” со претставници на Општина Штип и преставници на јавните комунални претпријатија. На фокус групата присуствуваа и претставници на Организација на потрошувачите на Македонија.
Присутните ги разгледаа проблемите на потрошувачите во доменот на јавни услуги и дадоа насоки за подобрување на ефикасноста на јавните комунални претпријатија. По иницијатива на Организацијата на потрошувачи на Штип формиран е Совет за заштита на потрошувачи на Општина Штип во чии состав е вклучен и член на ОПШ.